Добродојдовте

 

Знаеме за голем број на несакани, злоупотребени и напуштени животни  во градот Скопје и знаеме дека би имало многу повеќе болка и страдање за животните ако не постоиме. Азилот е создаден да и служи на јавноста во заштитата и доброто на бездомните животни. Нашиот развој ни покажува дека играме голема улога во заедницата, но тажно е што постои нерамнотежа меѓу бројот на топли домови и животни што чекаат да бидат посвоени. Капацитетот на нашиот азил речиси секогаш е пополнет со бездомни животни.


Основната програма на азилот е кастрација/стерилизација и згрижување на бездомните кучиња и мачки,нуди помош на сопствениците и на тие што нашле загубени животни, им овозможува ограничена ветеринарна грижа, помош во спасување и грижа на повредени животни, истрага за злоупотреба и запоставување на животни и во подобрување на законите за заштита на животните.

 

Историја

Прифатилиштето  за мали бездомни животни е основано во август 2003 год., врз основа на Договорот  за соработка склучен  меѓу здружението за заштита на животни  -VERRIEN HUNDE ASYL од Цирих-Швајцарија и HUNDE ASYL-Скопје. Во рамките на оваа соработка е изготвен пилот проектот (ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА МАЛИ БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ). Средствата потребни за изведба на пилот проектот досега се обезбедени главно од фондацијата VERRIEN HUNDE ASYL  и  други физички и правни лица.

 

Што правиме?

За време на престојот на животните се трудиме да им дадеме што повеќе љубов и индивидуално внимание. Имаме операциона сала за кастрација/стерилизација и давање на прва помош на повредените бездомни животни, градинка за млади животни, изолирани боксови за новите животни, индивидуални боксови за возрасни животни. Сите кучиња се шетаат најмалку два пати на ден. Сите боксови се чистат еднаш дневни или повеќе пати на ден доколку е потребно. Веднаш по пристигнувањето на новите животни се прегледуваат од нашите ветеринарни доктори кои ја проценуваат нивната состојба.

Кога ќе земеме животно,напуштено од сопствениците, тоа останува се додека не му најдеме нов дом. Како пример, ја имаме прекрасната кучка мелез Соња која за жал не верува на непознати и поради тоа со нас е веќе една година. Кога еднаш ке ја придобиете нејзината доверба таа е многу приврзано куче и омилена кај волонтерите.

Како и да е, ниту едно друштво, вклучувајќи го и нашето, не секогаш имаме доволно простор. Како резултат на ова, ниту едно друштво , вклучувајќи ги и оние кои овозможуваат долготрајна грижа за животните, не се способни да го примат секое животно кому му е потребна помош. Вашите донации ни овозможуваат да обезбедиме илјадници кастрации и нега за животните на кои им е потребна за да преживеат.

Нашата политика е сите животни да се кастрираат/стерилизираат, вакцинираат и прочистат од ендо и екто паразити.

 

Што не правиме?

Често не прашуваат  дали  еутаназираме животни. Нашиот одговор на ова прашање е: Нема да еутаназираме ниту едно животно освен ако животното е неизлечливо болно (посолидарно е да се стави крај на неговото страдање), има болест која може да зарази други животни или луѓе и ако животното е агресивно.

Нашиот азил нема да прими ниту едно животно кое покажува агресивно однесување поради било која причина. Ние никогаш намерно не би дале на посвојување агресивно животно, поради грижата и безбедноста на членовите во семејството или на домашните миленичиња. Агресија на било кое животно не е прифатлива во нашиот азил. Потенцијалните посвојувачи кои доаѓаат во нашиот азил не се тука  да посвојат, ниту очекуваат, сакаат или посакуваат агресивно животно...ниту ние.

 

Од каде доаѓаат парите ?

Не сме корисници на државни пари. Средствата потребни за нашето работење досега се обезбедени главно од донации од фондацијата VERRIEN HUNDE ASYL од Цирих- Швајцарија и од други физички и правни лица кои ги задоволуваат само дел од нашите потреби.

 

 

Адреса                                                                                                    

Општина Ѓорче Петров

с.Волково, место Воденичиште - Скопје

Телефон +389 (0)2 2053305


 
Изградено со EasyWEB™ - Copyrights 2002 MTnet